Повеќе од 500 милиони луѓе во светот зборуваат шпански јазик...а ти?
Заблагодарувајќи се на одличната клима, богатиот избор на ноќен живот и забава, вкусната и специфична кујна, медитеранската вегетација и космополитскиот став кој е во склад со традицијата и гостопримството, шпанскиот јазик засекогаш ќе Ве освои и ќе направи долго да ја паметите убавината на третиот светски јазик на полето на меѓународната политика, економија и култура. Спојот на вековната традиција и духот на Шпанија лесно ќе овозможат да се стекнете со знаења од областа на архитектонските чуда на Гауди, огромниот број на музеи преполни со ремек-дела на светските сликари Пикасо, Миро, Дали, Гоја, Веласкез. Доколку се стекнете со познавања на шпанскиот јазик со сигурност поинтересни ќе ви станат и светските виртуози на перото Сервантес, Лорка, Борхес, Маркес.
Базирајќи се на комуникативниот пристап, лесно ќе постигнете флуентност, слобода и сигурност во комуникацијата на шпанскиот јазик.
Полипроект е место каде можете на идеален начин да се стекнете со знаења за културата, спортот, јазикот и уметноста на прекрасната и неодолива Шпанија.
Целта на овие курсеви е да се оспособи зборување, читање и пишување на шпански јазик со што посетителите ќе се стекнат со познавање на јазикот, можност за комуникација и голем фонд на зборови.
За овие курсеви постојат програми од почетни дo напредни нивоа, а се наменети за луѓе кои сакаат да:
учите од сопствено задоволство; се разбере друга култура; разговара со пријатели или роднини; комуницирате со деловни партнери; живеете или да поминете некое време таму.
Во контекст на секојдневниот живот, како и општата состојба, се здобива со сите четири јазични вештини, со акцент на зборување и слушање.
Секој нов јазик открива дополнителни можности. Со оваа програма учениците можат да учат дополнително шпански јазик како втор странски јазик.
Англискиот јазик е интернационален јазик, но познавањето на уште еден странски јазик е нешто што ќе го направи детето посебно.
После две години изучување на прв странски јазик, децата веќе имаат изграден талент за изучување на странски јазик. Тоа е најсоодветно време да се започне со изучувањето на втор странски јазик, без да се мешаат двата јазика.
Целта на овие курсеви е да се оспособат децата за зборување, читање и пишување на шпански јазик со што ќе се стекнат со познавање на јазикот, можност за комуникација и голем фонд на зборови.
Дополнителни активности
- Дополнителни часови
- Приредба
- Англиски викенд клуб
- Научи повеќе за празниците
- Библиотека
- Филм како лекција
- Соработка со АК-Штип
Курсеви
- Англиски јазик
- Германски јазик
- Италијански јазик
- Шпански јазик
- Македонски јазик
- Математика
- Компјутерски курсеви
Важни датуми
Август, 2014
Бесплатни демо часови по англиски јазик .
Август, 2014
Бесплатни демо часови по компјутери.