Традицијата е на наша страна, вие сте на потег.
Направете сигурен чекор кон вашата професија. Нудиме современи, акредитирани програми за образование на возрасни и курсеви кои ви овозможуваат стручно оспособување, конкурентност на пазарот на трудот. Стекнете вештини кои прават вистинска разлика.
Истражете ги нашите програми

Здравство и социјална заштита
Нега на стари лица, лица со попреченост и палијативна грижа
Дознај повеќе
Економија
Сметководство и претприемништво
Дознај повеќе
Електротехника и машинство
Соларни системи и сервисирање машини
Дознај повеќе
Професионален развој
Обучувач на возрасни — андрагошки вештини
Дознај повеќе
IT курсеви
Канцелариско работење и вештачка интелигенција (AI)
Дознај повеќе
Странски јазици
Англиски и германски јазик, А1 – Ц2
Дознај повеќе
„Образовни процеси кои ги спојуваат докажаните методологии со современите потреби на пазарот на трудот.“
Зошто да нѐ изберете нас?
Верификувани и акредитирани програми
Нашите обуки се изработени според националните рамки за квалификации и овозможуваат стекнување на официјално признати сертификати.
Искусен и стручен кадар
Наставата ја изведуваат експерти и практичари со долгогодишно искуство во соодветните сектори (здравство, социјална заштита, економија, техники и јазици).
Прилагоденост кон возрасни слушатели
Форматот на наставата, распоредот и методите на работа се целосно флексибилни и прилагодени на обврските на возрасните лица.
Од пријава до сертификат
- 1
Пријавете интерес
Пополнете ја онлајн пријавата или јавете ни се. Резервирате приоритетно место во следната група.
- 2
Формирање група
Ве контактираме со точен датум за почеток. Наставата е во попладневни термини или викенд.
- 3
Обука и сертификат
Теоретска и практична настава, завршен испит и јавно признат сертификат за стручна оспособеност.
Чести прашања
Сè што треба да знаете за образованието на возрасни, сертификатите и уписот.
Сите прашањаШто е образование на возрасни?
Образованието на возрасни е задолжителен дел од целокупниот образовен систем кој им овозможува на сите лица над 18 години да ги стекнат, дополнат, прошират или усовршат своите знаења и вештини. Тоа овозможува брза преквалификација, доквалификација и стручно оспособување за нови професии барани на пазарот на трудот.
Има ли државна институција која го води и контролира образованието на возрасни?
Да. Клучна државна институција е Центарот за образование на возрасни. Центарот ги верификува програмите, го следи нивниот квалитет и обезбедува стандардизација на процесот на доживотно учење.
Што значат „верификувана програма“ и „верификувана установа“?
- Верификувана програма е наставна програма за обука која е официјално одобрена и прифатена од Министерството за образование и наука и Центарот за образование на возрасни.
- Верификувана установа е образовен центар (како нашето училиште) кој ги исполнува сите правни, просторни, кадровски и технички стандарди за изведување на тие обуки.
Ова е гаранција за валидноста на вашето образование.
Каков сертификат ќе добијам ако успешно ја завршам обуката?
По успешното завршување на обуката и полагањето на завршниот испит, стекнувате Јавно признат сертификат за стручна оспособеност. Сертификатот го издава нашата верификувана установа и содржи соодветна шифра на квалификација и официјални печати.