Основен курс за канцелариско работење
Интензивна практична обука за дигитална писменост и канцелариска администрација. Курсот опфаќа работа со оперативен систем, креирање и форматирање деловни документи во MS Word, изработка на табели, математички формули и извештаи во MS Excel, креирање професионални презентации во MS PowerPoint, управување со деловна е-пошта и календари (Outlook), како и безбедно користење на интернет и облак (Cloud) технологии.