Службеник во сметководство Акредитирана програма
Сеопфатна обука за водење материјално и финансиско сметководство. Програмата опфаќа книжење на деловни промени, подготовка на финансиски извештаи, пресметка на плати, управување со ДДВ и даночни пријави, како и користење на сметководствен софтвер. Обуката ве подготвува за самостојно водење сметководствени и финансиски работи директно за потребите на компаниите или преку сметководствени бироа.