+389 32 391 591 info@poliproekt.mk
Чести прашања

Чести прашања

Сè што треба да знаете за образованието на возрасни, сертификатите и уписот.

Што е образование на возрасни?

Образованието на возрасни е задолжителен дел од целокупниот образовен систем кој им овозможува на сите лица над 18 години да ги стекнат, дополнат, прошират или усовршат своите знаења и вештини. Тоа овозможува брза преквалификација, доквалификација и стручно оспособување за нови професии барани на пазарот на трудот.

Има ли државна институција која го води и контролира образованието на возрасни?

Да. Клучна државна институција е Центарот за образование на возрасни. Центарот ги верификува програмите, го следи нивниот квалитет и обезбедува стандардизација на процесот на доживотно учење.

Што значат „верификувана програма“ и „верификувана установа“?
  • Верификувана програма е наставна програма за обука која е официјално одобрена и прифатена од Министерството за образование и наука и Центарот за образование на возрасни.
  • Верификувана установа е образовен центар (како нашето училиште) кој ги исполнува сите правни, просторни, кадровски и технички стандарди за изведување на тие обуки.

Ова е гаранција за валидноста на вашето образование.

Каков сертификат ќе добијам ако успешно ја завршам обуката?

По успешното завршување на обуката и полагањето на завршниот испит, стекнувате Јавно признат сертификат за стручна оспособеност. Сертификатот го издава нашата верификувана установа и содржи соодветна шифра на квалификација и официјални печати.

Зошто ми е потребен јавно признат сертификат?

Јавно признатиот сертификат е правен и официјален доказ за вашите квалификации. Тој ви овозможува:

  • Легално вработување: Задолжителен услов при аплицирање во приватни фирми, компании и државни институции.
  • Работа во странство: Сертификатот од верификувана програма може легално да се преведе, нотаризира и признае во земјите од ЕУ и пошироко.
  • Започнување сопствен бизнис: Неопходен е за остварување право на сопствена деловна дејност и за аплицирање за грантови/мерки за самовработување.
Кои се условите што треба да ги исполнам за успешно завршување и добивање сертификат?

За да стекнете диплома/сертификат потребно е:

  1. Редовно следење на теоретската и практичната настава.
  2. Успешно совладување на практичните задачи во текот на обуката.
  3. Полагање на завршен испит кој се состои од теоретски дел и практична демонстрација на вештините.
Каде можам да барам работа со стекнатиот сертификат?

Со нашиот сертификат можете да барате работа во сите сектори поврзани со вашата струка:

  • За здравство и социјална заштита: Домови за стари лица, центри за социјална грижа, хуманитарни организации, приватни агенции за нега, детски центри или за индивидуална нега во домашни услови.
  • За економија и бизнис: Сметководствени бироа, приватни компании, трговски друштва или како самостоен претприемач.
  • За техника и машинство: Сервисни центри, инсталатерски фирми, индустриски капацитети и текстилни компании.
Дали можам да посетувам обука ако сум во редовен работен однос?

Да. Сите наши програми се флексибилни и прилагодени за возрасни лица. Теоретската и практичната настава се организираат во попладневни термини или за време на викенди, со цел да не го попречуваат вашето редовно работно време.

Како се изведува практичната обука?

Практичната обука се одвива во акредитирани установи за изведување на практична настава, како и во реални работни услови кај наши партнерски компании, домови, сервисни центри и бизнис институции.

Што е потребно за упис?

За упис ви се потребни: пополнета пријава (се добива кај нас), копија од лична карта, копија од последното завршено образование (основно или средно) и извод од матична книга на родени. За одредени програми може да биде потребно и лекарско уверение.

Кога почнува обуката?

Во моментот на пријавување можете да добиете одговор за точен датум за почеток на обуката, но ако добиете одговор дека групата е во фаза на формирање, тогаш со пријавување на вашиот интерес за конкретната програма, резервирате приоритетно место и директно влијаете на формирањето на следната група за обука.