Светот на знаењето го отвораме за вас!

На кого е наменет?

  • • Индивидуалци
  • • Работодавачи
  • • Наставници/студенти

Индивидуалци

  • Над 13 милиони лица се запишале на програмите за сертификација на Фондацијата ECDL во 150 земји низ целиот свет.
  • Програмите за сертификација на фондацијата можат да им помогнат на поединци да комуницираат, да се поврзуваат, пристап до широк спектар на информации и услуги со кои може да им се поедностави животот и да заштедат време, да најдат работа бидејќи на денешните работни места е многу важно вработените да имаат способност да ја користат технологијата ефикасно и ефективно. Работодавците очекуваат кандидатите за работа да имаат компјутерски вештини пред да бидат ангажирани, а вработените кои ги поседуваат тие вештини имаат потенцијал да напредуваат понатаму во нивните кариери.

Работодавачи

Бенефити од дигитално описменување

Организациите со квалификувани работници користат компјутерска технологија за да ја зголемат својата продуктивност и да останат конкурентни. Со дигитално описменување вработените можат да помогнат ефикасно постигнување на целите на организација.

Кои организации имаат ЕЦДЛ сертифицирани вработени?

ЕCDL / ICDL е меѓународен стандард за ИКТ вештини во рамките на меѓународната бизнис заедница. Програмите на ECDL фондацијата за сертификација се користат за да се зголеми вредноста на човечкиот капитал и да се постигнат придобивките од продуктивноста преку развој на квалификувани, компетентни ученици и вработени. Тие се широко усвоени од страна на сите нивоа и големини на организации - во рамките на образовниот систем (средното и стручното ниво), владите (јавните администрации и министерствата), и комерцијални организации (мали и средни претпријатија (МСП) до големите мултинационални претпријатија).

Според која ЕЦДЛ програма да се сертифицира?

ECDL Фондација нуди опсег на програми за сертификација за да одговараат на нивоата и вештините на вашиот персонал. Овие програми се движат од основно ниво на вештини до професионално ниво на ИКТ вештини за специфични работни места.

ECDL е составена од голем број на модули - секој модул е составен од практична и теоретска програма за вештини и знаења. ECDL овозможува комбинирање на модули за кандидатот да создаде индивидуален ECDL профил со што ќе се потврдат неговите компјутерски вештини во области и нивоа по негов избор за да му послужи на работното место или да најде работа која ја бара.


Наставници/Ученици

Учениците кои ја користат компјутерската технологијата како дел од процесот на учење постигнуваат подобри резултати во училиште, се ангажираат повеќе и се по мотивирани да учат.

Компјутерските вештини им овозможуваат на наставниците и персоналот да си ги поедностават рутинските задачи и да си го намалат времето кое им го одзимаат административните оптоварувања.

Испитен центар за ЕЦДЛ


Корисни датотеки


Закон за административни службеници

Закон за административни службеници