Светот на знаењето го отвораме за вас!

Основни курсеви  

Денес милиони луѓе од целиот свет зборуваат еден или повеќе странски јазици и користат компјутер, таму се оние кои мислат дека можеби и не можат. Нашата цел е да докажаме дека секој може да успее преку заеднички ангажман. Основниот принцип според кој се раководиме е постојаната интеракција на наставниците со учениците, каде што интеракцијата на самите кандидати доминира. Истиот метод се применува и на курсевите по компјутери, каде што нашата главна цел е за најкус можен рок учениците да се здобијат со вештини за секојдневна употерба на компјутерите. Нашите програми се базираат врз работа со мали групи (од 5 до 10 ученици), која ни овозможува да се обрне внимание на секој ученик поединечно со што можеме да се запознаеме со интересите и да го следиме напредувањето на секој посебно. Така секоја група функционира како едно семејство, каде нашите ученици се чувствуваат удобно и учат во пријателска атмосфера.

Чувствувајте се удобно додека учите! Наставата се одвива во модерно опремени училници. Просториите се климатизирани, опремени со компјутери, ЛЦД проектори, бели табли...

Уписи 2015/16

Прочитај повеќе

Верификувани курсеви

Верифицирана образовна Програма
Програма која е проверена од релевантни професионални институции според закнските регулативи и ги исполнува дефинираните стандарди, со што се осигурува квалитетот на самата програма како и резултатите од неа, односно сертификацијата.

Прочитај повеќе