
Курсеви за возрасни
Програмите за изучување на германски јазик имаат за цел преку непречено и постепено развивање на четирите јазични вештини - читање, пишување, зборување и слушање со разбирање, успешно да се комуницира, да се води официјална и неофицијална кореспонденција.
Индивидуалниот пристап на предавачите помага да се надмине јазичната бариера и да се прикаже во една автентична атмосфера.
Темите кои се обработуваат се актуелни и тесно поврзани со интересите на секој од групата.
Обуката целосно ги развива јазичните вештини да се користи јазикот самоуверено во различни практични ситуации од секојдневниот живот како и деловното секојдневие - телефонски повици, состаноци, презентации, преговори, средства за комуникација, деловна кореспонденција и др.
Различноста на практични примери овозможува да се дојде до нови сознанија и прават усвојувањето на граматичките и лексичките познавања да биде полесно и интересно.

Детски курсеви
Изучувањето на јазикот кај децата и учениците е најефикаснo кога, освен јазичните познавања, тие добиваат можност да ја прошират општата култура и да изградат позитивен систем на вредности. Основна цел на нашето училиште е учениците да: го сакаат германскиот јазик и учат да го користат слободно; јa запознаваат и почитуваат културата и традициите на различните држави во светот.
Наставата се одвива во мали групи од максимум 10 кандидати. Термините за курсевите се по договор.

Основци и средношколци (8-15)
Секој нов јазик открива дополнителни можности. Со оваа програма учениците можат да учат дополнително германски јазик како втор странски јазик.
Препорачливо е претходно учениците да изучувале англиски јазик две години. Англискиот јазик е интернационален јазик, но познавањето на уште еден странски јазик е нешто што ќе го направи детето посебно. После две години изучување на англиски, децата веќе имаат изграден талент за јазикот. Тоа е најсоодветно време да се започне со изучувањето на втор странски јазик, без да се мешаат двата јазика.
При обуката на средношколци целта ни е да им помогнеме да го зацврстат и усовршуваат своето знаење на германски јазик. Многу е важно на оваа возраст учениците да се мотивирани да учат и да го усовршуваат јазикот.
Нашата задача е да го направиме овој процес максимално интересен и забавен и да им помогнеме во подоцнежна фаза да добијат меѓународен сертификат кој ќе им ги отвори вратите на најпрестижните универзитети во светот.

Помош во настава
Многу ученици имаат потреба од дополнителни активности после училиштето, за да се дополнат пропустите во учебниот материјал. Новите програми и наставни планови предвидуваат спроведување на задолжителни испити на крајот на секоја учебна година со што потребата од дополнителна настава се зголемува.
Во нашиот образовен центар наставниците применуваат пред сè индивидуален пристап, земајќи ги предвид возраста и специфичните потреби и интереси на учениците. Тие ја избегнуваат класичната презентација на наставниот материјал и се стремат преку спроведување на нетрадиционални модерни пристапи да го задржат вниманието на учениците, да ги натераат да бидат активни учесници за време на вежбањето и самите да бидат креатори во наставниот процес. Крајната целта на оваа програма е да се оспособат учениците да го продолжат учењето на јазикот во редовните курсевии соодветно на нивната возраст.

Општ германски А1, А2, B1, B2, C1
Курсот по општ германски јазик се одвива во пет нивоа – Grundstufe 1- Elementare Sprachverwendung (A1), Grundstufe 2 (А2), Mittelstufe 1- Selbststandige Sprachverwendung (B1), Mittelstufe 2 (B2) и Mittelstufe 3- Kompetente Sprachverwendung (C1).
Овој курс ви овозможува непречено и постепено, во мали количини, да научите нов материjал. Курсот се одвива само на германски јазик, што ви помага побрзо да ја надминете јазичната бариера. Програмата е максимално практично ориентирана - стекнување на знаења кои прераснуваат во вистински вештини уште на час. Курсот има влијателен акцент врз развојот на вештината за комуникација на германски јазик. Заедно со останатите во групата се дискутираат интересни теми и се симулираат различни секојдневни ситуации со што се гради самодоверба кога го користите германскиот јазик во реални ситуации. Се запознавате со правилата за пишување и со конкретните фрази кои се употребуваат во различни писмени формати користени во секојдневниот живот - формален и неформален како што се: e-mail, извештај, CV, статија, опис и др. Курсот по општ германски јазик помага да го користите слободно јазикот, кога зборувате или пишувате. Распоредот е флексибилен (по договор).
Следна фаза на обука: По успешно завршување на четирите нивоа на програмата по општ германски јазик, може да започнете со подготовка за меѓународен сертификат TestDaF или со почетен деловен германски јазик, во зависност од вашите цели.

Деловен германски
Овој курс е организиран по нивоа од почетно до напредно, а го посетуваат оние кои сакаат да научат деловна комуникација (телефонски разговори, состаноци, преговарање, презентации, пишување на извештаи, деловни документи итн...).
Наменет е пред сè за деловните или идните деловни луѓе од разни области кои контактираат или ќе контактираат со деловните партнери. Целта на овие курсеви е учесниците да се оспособат на странски јазик активно да водат усна и писмена деловна комуникција во разни ситуации.
Бидејќи најупотребуван и официјален деловен јазик е германскиот јазик, оние кои добро го владеат овој јазик имаат предност во барањето работа и поголема можноста да најдат соодветна работа. Доколку вие веќе работите таков тип на работа што бара употреба на германски јазик, секогаш ќе бидете спремни да направите и склучите интернационален договор со странска компанија.

Подготовка за TestDaF
Во ПолиПроект можете да се подготвите да полагате за добивање на меѓународни дипломи кои се познати и признати во целиот свет (како што е: TestDaF и др.) и на тој начин да се подготвите да зачекорите во академскиот свет на еден од странските јзици.

Подготовката за матура дава можност да се подготват учениците на ефикасен, евтин и флексибилен начин. Ако сакате да се јавите на испит подготвени и уверени во своите можности овие курсеви се совршен избор за вас. Во нив детално се следат специфични задачи кои можете да ги очекувате на испитот и задачи кои веќе се дадени во изминатиот период.

За да има добар и успешен тим вашата компанија потребно е тој да се развива и мотивира. ПолиПроект може да биде вашиот партнер и да ви помогне во зголемувањето на квалификациите и вештините на вашите вработени. Ние нудиме флексибилни програми за обука на германски јазик. Со нашите програми вработените со леснотија ќе комуницираат со вашите партнери и клиенти на германски јазик. Програмите ќе содржат практични примери, задачи, вежби, проекти кои ќе се прават според вашите бизнис потреби и барања. Пријавувањето и реализацијата на овие курсеви оди во неколку чекори: Најпрво ја добиваме вашата пријава, ја разгледуваме и правиме предлог-програма (понуда). По усвојувањето на програмата почнуваме со обуката. Термините, динамиката и местото на реализација ги дефинирате во пријавата. Овие обуки може да се комбинираат и со компјутерски курсеви.
Дополнителни активности
- Дополнителни часови
- Приредба
- Англиски викенд клуб
- Научи повеќе за празниците
- Библиотека
- Филм како лекција
- Соработка со АК-Штип
Курсеви
- Англиски јазик
- Германски јазик
- Италијански јазик
- Шпански јазик
- Македонски јазик
- Математика
- Компјутерски курсеви
Важни датуми
Август, 2014
Бесплатни демо часови по англиски јазик .
Август, 2014
Бесплатни демо часови по компјутери.