
Курсевите по македонски јазик се наменети за сите возрасти. На овие курсеви ќе стекнете нови и ќе ги усовршите постојните јазични способности. Можете да посетувате групна или индивидуална настава во текот на целата година со можност на избор на динамиката на наставата и термините на одржување на часовите. Курсот по македонски јазик се темели на конверзација и бројни интерактивни методи кои овозможуваат граматиката да се совлада низ разговор. Дојдете и сами уверете се дека со нас учењето е лесно, но пред сè ефикасно!

Подготовката за матура дава можност да се подготват учениците на ефикасен, евтин и флексибилен начин. Ако сакате да се јавите на испит подготвени и уверени во своите можности овие курсеви се совршен избор за вас. Во нив детално се следат специфични задачи кои можете да ги очекувате на испитот и задачи кои веќе се дадени во изминатиот период.

Многу ученици имаат потреба од дополнителни активности после училиштето, за да се дополнат пропустите во учебниот материјал. Новите програми и наставни планови предвидуваат спроведување на задолжителни испити на крајот на секоја учебна година со што потребата од дополнителна настава се зголемува. Во нашиот образовен центар наставниците применуваат пред сè индивидуален пристап, земајќи ги предвид возраста и специфичните потреби и интереси на учениците. Тие ја избегнуваат класичната презентација на наставниот материјал и се стремат преку спроведување на нетрадиционални модерни пристапи да го задржат вниманието на учениците, да ги натераат да бидат активни учесници за време на вежбањето и самите да бидат креатори во наставниот процес.

Наставата е организирана врз комуникативен пристап, што значи дека на часот се создаваат ситуации колку што е можно поблиски до реалноста, во кои слушателите се охрабруваат активно да учествуваат и да го вежбаат јазикот на природен начин.
Максимална ангажираност се обезбедува со работа во парови и во групи, така што се поттикнува спонтана употреба на јазикот.
Еднакво внимание се обрнува на развојот на сите јазични вештини: слушање, зборување, читање и пишување.
Курсевите се организираат според потребите на слушателите и посебно внимание се обрнува на оние области што се важни за целите на слушателите.
Нудиме курсеви во мали групи (од 3 до 10 слушатели), како и индивидуална настава.

Пишувајте во одреден стил и определени стандарди! Научете сами лесно и едноставно да составите есеј, критика, писмен состав, семинарска работа...

Научете правилно со лесени и едностави техники да пишувате мејлови, CV, мотивациски писма, реклами...
Дополнителни активности
- Дополнителни часови
- Приредба
- Англиски викенд клуб
- Научи повеќе за празниците
- Библиотека
- Филм како лекција
- Соработка со АК-Штип
Курсеви
- Англиски јазик
- Германски јазик
- Италијански јазик
- Шпански јазик
- Македонски јазик
- Математика
- Компјутерски курсеви
Важни датуми
Август, 2014
Бесплатни демо часови по англиски јазик .
Август, 2014
Бесплатни демо часови по компјутери.