Подготовката на децата и адолесцентите во наставните програми е важен приоритет за сите нас - наставниците во училиште, децата и родителите. Со напредокот на науката и технологијата и огромниот прилив на нови информации, многу ученици имаат потреба од дополнителни активности после училиштето, за да се дополнат пропустите во учебниот материјал. Новите програми и наставни планови предвидуваат спроведување на задолжителни испити на крајот на секоја учебна година со што потребата од дополнителна настава се зголемува. Во нашиот образовен центар наставниците применуваат пред сè индивидуален пристап, земајќи ги предвид возраста и специфичните потреби и интереси на учениците. Тие ја избегнуваат класичната презентација на наставниот материјал и се стремат преку спроведување на нетрадиционални модерни пристапи да го задржат вниманието на учениците, да ги натераат да бидат активни учесници за време на вежбањето и самите да бидат креатори во наставниот процес.
Математика за основци и средношколци
Содржините на часовите ги следат програмите за математика од формалното
образование. Тие се поделени во зависност од возраста и потребите на слушателите.
Наставните групи се со оптимален број на деца во група за реализација на идивидуализиран пристап.
Подготовка за испити
Содржините на часовите ги следат програмите за математичките предмети од техничките факултети. Тие се поделени во зависност од потребите на студентите.
Наставните групи се со оптимален број на студенти во група за реализација на идивидуализиран пристап на наставата.
Програма за талентирани основци и средношколци
Програмата содржи проширување на знаењата по математика, подготовка на децата кои сакаат
да стекнат и пошироки знаења по математика од оние кои се планирани во формалното образование, подготовка за натпревари.
Подготовка за матура
Подготовката за матура дава можност да се подготват учениците на ефикасен и флексибилен начин. Ако сакате да се јавите на испит подготвени и уверени во своите можности овие курсеви се совршен избор за вас. Во нив детално се следат специфични задачи кои можете да ги очекувате на испитот и задачи кои веќе се дадени во изминатиот период.
Дополнителни активности
- Дополнителни часови
- Приредба
- Англиски викенд клуб
- Научи повеќе за празниците
- Библиотека
- Филм како лекција
- Соработка со АК-Штип
Курсеви
- Англиски јазик
- Германски јазик
- Италијански јазик
- Шпански јазик
- Македонски јазик
- Математика
- Компјутерски курсеви
Важни датуми
Август, 2014
Бесплатни демо часови по англиски јазик .
Август, 2014
Бесплатни демо часови по компјутери.