Светот на знаењето го отвораме за вас!

Курсеви за возрасни

Нашите курсеви по англиски јазик за вработени, невработени и студенти се создадени за да одговорат на потребите на современиот човек од англиски јазик во работата или во секојдневниот живот. Обуката е максимално практично насочена и интерактивна за да се подобрат основните вештини за комуникација на англиски јазик. Курсевите се фокусираат на ефикасна интеракција помеѓу учесниците во учебната група преку различни комуникативни задачи како играње на улоги, игри, дискусии и симулации поврзани со секојдневието...

Детски курсеви

Нашата цел при обуката на најмалите е да им помогнеме да се направат првите чекори за учење на англискиот јазикот. Со секоја наредна година, малите ученици стануваат посигурни кога зборуваат и пишуваат на англиски јазик, бидејќи уште од рана годишна возраст ние им помагаме да се запознаат со меѓународните критериуми за тестирање. Нашето искуство покажува дека појавувајќи се на меѓународните сертифицирани испити за деца на Универзитетот Cambridge - Starters, Movers и Flyers, децата ѓи усовршуваат своите вештини, кои ќе им се потребни за да се справат успешно на испитите за сертификати за големиот и на престижниот универзитет - FCE , CAE и CPE.

Изучувањето на јазикот кај децата и учениците е најефикаснo кога, освен јазичните познавања, тие добиваат можност да ја прошират општата култура и да изградат позитивен систем на вредности. Основна цел на нашето училиште е учениците да: го сакаат англискиот јазик и учат да го користат слободно; се привикнуваат од мали нозе на меѓународните критериуми за оценување и градат успешни испитни навики; ja запознаваат и почитуваат културата и традициите на различните држави во светот; знаат како да ја користат нивната имагинација и креативност и не се плашат да го направат тоа; сакаат да читаат белетристика.

Наставата се одвива во мали групи од максимум 10 кандидати. Термините за курсевите се по договор.

Предучилишна (4-6)
Оваа програма е наменета за деца на возраст од 4-6 години. Тоа е првиот контакт на децата со еден странски јазик. Преку игра децата се мотивираат да го засакаат и да го усвојат јазикот без никаков напор.

Програмата е базирана на комуникативни активности преку кои тие ќе се здобијат со основни структури на реченици и вокабулар соодветни на нивната возраст. Покрај тоа, тие ќе се здобијат со други вештини, како што се фина моторика, логично размислување, вежбање концентрација, соработка, градење на вистински натпреварувачки дух.

Како вашето дете ке се здобие со знаење на англиски јазик?

Програмата е базирана на еден главен лик со кои децата се идентификуваат и се движи низ различни периоди од неговиот живот. Деца се здобиваат со позитивен став кон работата и учењето, стануваат понезависни и учат да работат во групи.

Со кои знаења ке се здобие вашето дете?

Користат конкретни зборови, фрази и реченици поврзани со неговното секојдневие; Разбираат и спроведуваат кратки инструкции ;Разбираат кратки приказни; Развиваат вештини за слушање со разбирање и зборување на англиски јазик а се подготвува и за вештините за пишување и читање, кои ќе ѓи апсорбира во подоцнежна фаза; Создаваат училишни навики кои ќе му користат за во основното образование.

Во што уште ќе учествува и ќе посетува вашето дете?

  • Festivals lessons – Работилници и едукативни часови посветени на празници( Halloween, Mother’s Day…) и културолошки настани.
  • New Year’s show – Традиционална Новогодишна приредба.
  • Комбинирана(6-8)
    Програмата за деца на возраст од 6 до 8 години се стреми преку комуникација да се продолжи нивната писменост. Од оваа програма, па натаму учењето на англиски јазик ќе вклучува развој на сите четири јазични вештини: разбирање, зборување, читање и пишување. Таа е со динамика двапати во неделата по 90 минути од кои, 60 минути се реализира програмата за англиски јазик, а 30 минути програмата по компјутери.

    Со кои знаења се здобива детето по завршувањето на курсот?

    По завршувањето на курсот децата се здобиваат со збогатен вокабулар од различни теми. Новите зборови ги учат преку песни и приказни, заедно со цели фрази со кои се користат во соодветниот контекст. Ја асимилираат и вештината за пишување на англиски јазик. Првично тие остваруваат испишувањето на англиската азбука и поединечни зборови. Се запознаваат со типични факти од секојдневниот живот на нивни врсници од други земји во светот и ја запознаваат подобро сопствената култура.
    Во овој курс се содржат следните две категории на користење на компјутерот во образованието: учење за компјутер и учење со компјутер. Програмата ја развива навиката за учење кај децата, што им помага во формалното образование.


    Во што уште ќе учествува и ќе посетува вашето дете?

  • Festivals lessons – Работилници и едукативни часови посветени на празници( Halloween, Mother’s Day…) и културолошки настани.
  • New Year’s show – Традиционална Новогодишна приредба.
  • Movie projection – Едукативни часови со модерен метод на учење. Следње, главни ликови, тема и основна идеа ( приказна по филм ).
  • Explore the world – Истражи го свтот и средината околу себе, Меѓугрупна соработка на тема претходно одбрана, истражување и споделување на искуства.
  • Децата од овие групи ќе учествуваат во дополнителните активности Holiday Lesson, Movie Lesson како и во новогодишната приредба.

    Основци и средношколци (8-15)
    Овие ученици работат по програма чии теми се прилагодени на нивната возраст, потреби и интереси. Тематскиот, спознаен и културолошки концепт на оваа програма е таков да го привлече нивното внимание и да ги мотивира за понатамошна работа.

    Повеќето средношколци се веќе на повисоко ниво на познавање на јазикот. Нашите програми й помагаат на оваа групација тој јазик уште повеќе да го утврдат, систематизираат, збогатат и, доколку претходно тоа не го сториле, да го проговорат. Во рамките на оваа група постојат и програми за оние средношколци кои претходно не го учеле јазикот за кој ќе се определат.

    Децата од овие групи ќе учествуваат во сите дополнителните активности како и во новогодишната приредба.

    Целта при обуката на тинејџери е да им помогнеме да го зацврстат и подобрат своето знаење на англиски јазик. Многу е важно на таа возраст учениците да се мотивирани да учат и да ѓи развиваат вештините на јазикот. Задачата ни е да го направиме овој процес максимално интересен, забавен и наградуван и да им помогнеме во подоцнежна фаза да добијат меѓународен сертификат, кој ќе им ги отвори вратите на најпрестижните универзитети во светот.

    Помош во настава
    Многу ученици имаат потреба од дополнителни активности после училиштето, за да се дополнат пропустите во учебниот материјал. Новите програми и наставни планови предвидуваат спроведување на задолжителни испити на крајот на секоја учебна година со што потребата од дополнителна настава се зголемува. Во нашиот образовен центар наставниците применуваат пред сè индивидуален пристап, земајќи ги предвид возраста и специфичните потреби и интереси на учениците. Тие ја избегнуваат класичната презентација на наставниот материјал и се стремат преку спроведување на нетрадиционални модерни пристапи да го задржат вниманието на учениците, да ги натераат да бидат активни учесници за време на вежбањето и самите да бидат креатори во наставниот процес. Крајната целта на оваа програма е да се оспособат учениците да го продолжат учењето на јазикот во редовните курсевии соодветно на нивната возраст.

    Назад

    Општ англиски А1, А2, B1, B2
    Курсот по општ англиски јазик се одвива во четири нивоа – Elementary (A1.1; A1.2), Pre-Intermediate (А2.1; А2.2), Intermediate (B1.1; B1.2) и Upper-Intermediate (B2.1; B2.2). Овој курс ви овозможува непречено и постепено, во мали количини, да научите нов материjал. Курсот се одвива само на англиски јазик, што ви помага побрзо да ја надминете јазичната бариера. Програмата е максимално практично ориентирана - стекнување на знаења кои прераснуваат во вистински вештини уште на час. Курсот има влијателен акцент врз развојот на вештината за комуникација на англиски јазик. Заедно со останатите во групата се дискутираат интересни теми и се симулираат различни секојдневни ситуации со што се гради самодоверба кога го користите англискиот јазик во реални ситуации. Се запознавате со правилата за пишување и со конкретните фрази кои се употребуваат во различни писмени формати користени во секојдневниот живот - формален и неформален како што се: e-mail, извештај, CV, статија, опис и др. Курсот по општ англиски јазик помага да го користите слободно јазикот, кога зборувате или пишувате. Распоредот е флексибилен (по договор).

    Следна фаза на обука: По успешно завршување на четирите нивоа на програмата по општ англиски јазик, може да започнете со подготовка за меѓународен сертификат FFCE, IELTS или со почетен деловен англиски јазик, во зависност од вашите цели.

    Деловен англиски
    Овој курс е организиран по нивоа од почетно до напредно, а го посетуваат оние кои сакаат да научат деловна комуникација (телефонски разговори, состаноци, преговарање, презентации, пишување на извештаи, деловни документи итн...).

    Наменет е пред сè за деловните или идните деловни луѓе од разни области кои контактираат или ќе контактираат со деловните партнери. Целта на овие курсеви е учесниците да се оспособат на странски јазик активно да водат усна и писмена деловна комуникција во разни ситуации.

    Бидејќи најупотребуван и официјален деловен јазик е англискиот јазик, оние кои добро го владеат овој јазик имаат предност во барањето работа и поголема можноста да најдат соодветна работа. Доколку вие веќе работите таков тип на работа што бара употреба на англиски јазик, секогаш ќе бидете спремни да направите и склучите интернационален договор со странска компанија.

    Подготовка за IELTS,TOEFL
    Во ПолиПроект можете да се подготвите да полагате за добивање на меѓународни дипломи кои се познати и признати во целиот свет (како што се: IELTS, TOEFL итн...) и на тој начин да се подготвите да зачекорите во академскиот свет на еден од странските јзици.

    Назад

    Подготовката за матура дава можност да се подготват учениците на ефикасен, евтин и флексибилен начин. Ако сакате да се јавите на испит подготвени и уверени во своите можности овие курсеви се совршен избор за вас. Во нив детално се следат специфични задачи кои можете да ги очекувате на испитот и задачи кои веќе се дадени во изминатиот период.

    Назад

    За да има добар и успешен тим вашата компанија потребно е тој да се развива и мотивира. ПолиПроект може да биде вашиот партнер и да ви помогне во зголемувањето на квалификациите и вештините на вашите вработени. Ние нудиме флексибилни програми за обука на англиски јазик. Со нашите програми вработените со леснотија ќе комуницираат со вашите партнери и клиенти на англиски јазик. Програмите ќе содржат практични примери, задачи, вежби, проекти кои ќе се прават според вашите бизнис потреби и барања. Пријавувањето и реализацијата на овие курсеви оди во неколку чекори: Најпрво ја добиваме вашата пријава, ја разгледуваме и правиме предлог-програма (понуда). По усвојувањето на програмата почнуваме со обуката. Термините, динамиката и местото на реализација ги дефинирате во пријавата. Овие обуки може да се комбинираат и со компјутерски курсеви.

    Назад

    Дополнителни активности

    Прочитај повеќе

    Курсеви

    Прочитај повеќе

    Важни датуми

    27

    Август, 2014
    Бесплатни демо часови по англиски јазик .

    29

    Август, 2014
    Бесплатни демо часови по компјутери.