Светот на знаењето го отвораме за вас!

Компјутери            

Детски курсеви

Информатичката технологија е дел од секојдневниот живот и истата се развива со брзо темпо, затоа е непходно уште од најмали нозе да се следат новите достигнувања во оваа област.
ИТ едукацијта е многу важна за развојот на децата. Ние ги учиме децата правилно да го користат компјутерот со единствена цел тој да стане алатка која ќе влијае позитивно на нивниот живот со што го менуваме сфаќањето за последиците кои доаѓаат од неефикасното користење, а со тоа и негативното влијание кај децата.
При едукација посветуваме особено внимание на секое дете со цел да се откријат вистинските склоности на децата од областа на ИТ и истите да се насочат кон продлабочување и усовршување во тој правец.
За стекнување на основата за правилно користење на компјутерот, потребно е таа да се добие од стручни лица почнувајќи од базичните информации, а потоа да се надгради со понапредни знаења.

Курсеви за возрасни

Нашите компјутерски курсеви за вработени, невработени и студенти се создадени за да одговорат на потребите на современиот човек од ИТ технологијата во работата или во секојдневниот живот. Обуката е максимално практично насочена и интерактивна за да се подобрат основните знаења и вештини за работа со компјутери.

Наставата се одвива во групи од максимум 6 кандидати. Термините за курсевите се по договор.

Основен курс                                           
Windows 7, Word 2010, Excel 2010 & PowerPoint 2010
Со оваа програма се опфатени основните знаења и вештини за работа со компјутер во која се вклопени содржини од редовното училиште.

Програмирање 1                                    
Со оваа програма Scratch децата се воведуваат во светот во кој компјутерите не се само помошно средство за работа, туку и алатка за креирање на едноставни игрички и анимации. Кај децата се поттикнува креативноста и самостојноста во користењето на компјутерите, систематско резонирање како и on-line соработка со што се здобиваат со основните животни вештини на XXI-от век. Во програмата се вклопени содржините од редовното училиште.

Програмирање 2                                    
Small Basic е програмски јазик кој претставува "минијатура" на Visual Basic е наменет на оние кои сакаат да научат да програмираат. Едноставен е за употреба и учење, идеален за почетници, со убав интерфејс. Со Small Basic имате можност да ги научите основите на програмирање и да креирате едноставни игри. Во програмата се вклопени содржините од редовното училиште.

Програмирање 3                                    
На овој курс децата ќе ги научат начините на изработка и поставување на web презентации, со теоретски вовед, а потоа и со примена на конкретен алат за креирање на презентации. Ќе научат да прават web презентации, како и динамички анимирани сајтови. При тоа, учениците ќе се запознаат со основите на HTML јазикот, CSS стиловите итн. Целта на оваа програма е да ги оспособи самостојно да изработуваат атрактивни web сајтови, да ги поставуваат и одржуваат.

Назад

Обука за фирми                                      
За да има добар и успешен тим вашата компанија потребно е тој да се развива и мотивира. ПолиПроект може да биде ваши партнер и да ви помогне во зголемувањето на квалификациите и вештините на вашите вработени. Ние нудиме флексибилни програми за обука за компјутери: ефикасно користење на интернет, електронска пошта, напредно пребарување, кориснички апликации како и специфични програми поврзани со вашата работа. Програмите ќе содржат практични примери, задачи, вежби, проекти кои ќе се прават според вашите бизнис потреби и барања.
Пријавувањето и реализацијата на овие курсеви оди во неколку чекори: Најпрво ја добиваме вашата пријава, ја рагледуваме и правиме предлог-програма (понуда). По усвојувањето на програмата почнуваме со обуката. Термините, динамиката и местото на реализација ги дефинирате во пријавата.

Овие обуки може да се комбинираат и со курсеви за странски јазици.

Основен I                                                 
Windows 7, Word 2010, Excel 2010 & PowerPoint 2010
Microsoft Windows е најраспространет оперативен систем денес. Оваа програма ги запознава курсистите со основните термини на компјутерската технологија (софтвер, хардвер, делови на компјутерот, оперативен систем, работа со датотеки и папки, мултимедија, архивирање и уште многу друго). Наменета е на оние кои до сега не се сретнале со компјутерите и кои почнуваат од самиот почеток.

Основен II                                               
Интернет, електронска пошта и системски алатки
Користењето на глобалната информатичка мрежа Интернет и електронската пошта претставуваат секојдневица во работењето на бизнис канцелариите. Курсистите ќе научат како се користи Интернет, како брзо и лесно да ги пронајдат потребните информации, како се пишува, праќа и прима електронска пошта... Исто така ќе бидат опфатени и основните Windows системски алатки кои служат за одржување на системот во “добра форма“.

Напреден Word 2010                            
(напредна обработка на текст на компјутер, вметнување на објекти, кратенки, дополнителни опции, работа со табели изработени во Excel)
Овој курс им овозможува на умешните корисници на Microsoft Word подетално да се информираат за можностите на Word и напредните функции што ги нуди и да научат како ефикасно да ги користат овие алатки за создавање на уникатни и професионални проекти. Ќе научите да го организирате вашиот текст за да создадете документ со професионален изглед.

Во оваа програма се опфатени следните теми: Дополнителни алатки за уредување и заштита на документ, Стилови и работа со стилови, Можности за организација на документ, Прилагодување на Word-от, Сериски (циркуларни) писма, Објекти, Макронадградби итн.

Напреден Excel 2010                             
(функции, сортирање, филтрирање, валидација на внесените податоци, подзбирови, пивот табели, макроа, графици)
Курсот е наменет на оние кои се занимаваат со калкулација на трошоци и обработка на податоци, а потребно им е познавање на напредните функции и опции кои ги нуди оваа програма. На учесниците им се нуди да го надоградат своето знаење и да го подигнат на повисоко ниво.

Microsoft Office Excel е еден од најшироко користените програми во скоро сите компании и институции денес. Поголемиот дел од луѓето кои работат во Excel се запознати со основите на работата во оваа програма, но за повеќето од нив примената на напредните функции и формули останува непозната. Токму такво знаење можете да стекнете во текот на обуката за напреден Excel. Доколку користите Excel во својата работа тоа знаење ќе ви овозможи зголемување на ефикасноста, заштеда на време и значително ќе ви ја олесни работата. Дури со вакво напредно знаење ќе можете да ги искористите сите предности кои ги нуди програмата.

Во оваа програма се опфатени следните теми: Изработка на напредни табели и графикони за извештаи, Заштита, контрола, увоз и делење на податоци, Управување на табели со бази на податоци, Поврзување на податоци, Анализа на податоци преку пивот табели, Користење на напредни функции и условни формули, Симулација на финансиски резултати низ функцијата “што-ако“ итн.

AutoCad                                                    
AutoCAD им нуди на инженерите, архитектите, дизајнерите на ентериер и на многу други, брза, прецизна и многу прилагодлива алатка за цртање и проектирање. Основни карактеристики на оваа програма се: точност, брзина, уредност, читливост и ефикасност. Се користи за: моделирање на површини и региони, изработка на техничка документација, правење шаблони за изработка на технички цртежи по ЈУС и ИСО стандарди, вкрстено поврзување на цртежи, што овозможува повеќе конструктори на повеќе сметачи да создаваат еден единствен проект. Работата со слоеви овозможува едноставна промена на цртежот и модифицирање на објектите на цртежот, работа со шрафури, блокови и коти, внесување на текст и работа со текст.

ArchiCad                                                    
ArchiCAD е сигурно најпопуларна и моќна програма за архитектонско проектирање со помош на компјутер. Овој курс ќе ви помогне да ја совладате нејзината примена во пркса. Во првиот дел ќе научите како се цртаат основните елелемнти како што се ѕидови, кров, врата, прозорци, скали итн. Додека вториот дел од курсот е посветен на генерирање на техничките цртежи, котирање, печатење.

Назад

Програмирање на Windows апликации    
Со оваа програма ќе научите како се креираат апликации за Microsoft Desktop, односно Windows платформи. Ќе се оспособите за креирање на широка палета на софтверски решенија кои се употребуваат во скоро сите области на денешното работење. Ќе бидете способни да креирате разни видови на софтвери кои се извршуваат на MS Windows платформите, почнувајќи од книговодствените софтвери со висок степен на сигурност, па сè до комплексните мултифункциски информациони системи за компаниите, без оглед на нивната големина. Ќе научите како да го поврзете вашиот софтвер со најпопуларните канцелариски апликации во рамките на пакетот MS Office.

Програмирање на Web апликации    
Web апликации се програмски решенија кон кои се пристапува само преку интернет пребарувачите (internet explorer, mozilla firefox, opera...). Секој ден, web апликациите се сè позастапени и попопуларни, од причина што се достапни од било кој компјутер и било кое место, дури и од мобилните уреди кои веќе сега се стандардно опремени со web пребарувач. Уште една голема предност на web апликациите е во тоа што, за разлика од стандардните desktop апликации, немаат потреба од било какви надградби на работните станици, бидејќи им се пристапува само по пат на web пребарувач, на ист начин како што се пристапува на било кој интернет сајт.

Microsoft Access 2010                             
Ms Access е составен дел на програмскиот пакет Ms Office и овозможува управување со релациони бази на податоци. Microsoft Access 2010 првенствено е наменет за внес, складирање и приказ на огромен број на податоци, но и за автоматизација на процеси кои често се повторуваат.

Програмирање во C                              
Програмскиот јазик C е структурен јазик припадник на третата генерација на јазици за програмирање кој во својот развој се стекнал со голем број на припадници. Овозможува програмирање на ниско ниво, многу блиско на нивото на машинскиот јазик што го фаворизира пишувањето на различни системски програми кои порано, најчесто, биле пишувани во машински јазик.

Програмирање во C++                        
C++ јазикот е објектно ориентиран програмски јазик за општа намена. Голем дел од јазикот C++ е наследен од јазикот C, па C++ (со минимални исклучоци) претставува надградба на јазикот C. Овој курс ве воведува во основните концепти на објектно ориентираното програмирање и принципите на проектирање на објектно ориентираните софтверски системи, со користење на јазикот C++ како средство.

HTML & CSS                                           
Овој курс е наменет на оние кои сакаат самостојно да креираат или дизајнираат Интернет презентации. Ќе научите да креирате и правилно да дизајнирате различни типови на Интернет презентации со кодирања и низ работа во текст едитор. Ќе го совладате HTML програмскиот јазик со цел изработка на модерни web страници. Во потполност ќе се подготвите за напредување во web програмирање, креирање на динамички web презентации како и за web дизајн.

PHP и MySQL                                           
Програмата на овој курс овозможува запознавање со синтаксата и елементите на PHP јазикот кој служи за правење на динамички web страници, како и запознавање со основите на SQL - јазикот за правење на прашалници насочени кон базата на податоци. Токму комбинацијата на овие два програмски јазика овозможува вашите web страни да добијат динамичко опкружување кое ќе им биде многу поинтересно на корисниците.

                             
Без разлика дали сега почнувате да се занимавате со web дизајн или сте искусен проектант, Dreamweaver е сеопфатна алатка со чија помош можете да дизајнирате web локации, да распоредувате елементи на нив и да ги одржувате. Во овој курс ќе се запознаете со најважните функции на Dreamweaver и со принципот на работа на web страните.

Adobe Flash                                              
Adobe Flash е комплексен и атрактивен софтвер кој овозможува креирање на атрактивни анимации. Целта на овој курс е да ве оспособи за самостојна изработка на истите. Ќе се запознаете со векторската графика, векторската анимација, алатките за цртање и елементите кои се потребни за анимирање.

Java                                                           
Java е програмски јазик кој се користи за изработка и развој на голем број апликациски софвери и негова имплементација во најразлични мултиплатформски опкружувања. Java програмирањето е едно од најзастапените денес, посебно имајќи ја во вид сè поголемата примена во изработката на апликации за мобилни телефони и таблет уреди преку Android оперативниот систем. Java платформите имаат широка примена во програмирањето и примнетите софтверски решенија, кои се движат од наједноставни дигитални уреди, mp3 плеери, мобилни телефони, па сè до комплексни web сервери и корпоративни апликации.

Назад

Дополнителни активности

Прочитај повеќе

Курсеви

Прочитај повеќе

Важни датуми

27

Август, 2014
Бесплатни демо часови по англиски јазик .

29

Август, 2014
Бесплатни демо часови по компјутери.