Светот на знаењето го отвораме за вас!

Верификувани курсеви

Верификувана програма е програма која е проверена од релевантни професионални институции според законските регулативи и ги исполнува дефинираните стандарди, со што се осигурува квалитетот на самата програма како и резултатите од неа, односно сертификацијата.

„Механичар за машина за шиење“ е програма која ја изработивме во соработка со Центарот за образование за возрасни во рамките на твининг проектот финансиран од ЕУ. Оваа обука е резултат на истражувањето што беше спроведено за текстилната индустрија како главна економска дејност во Штип.
Проектот спроведе проценка која покажа дека постои недостаток од оспособеност за одржување и поправка на машините за шиење. Врз основа на ова беше изработен опис на работното место со дефинирани работни задачи и потребни знаења. Програмата беше ратификувана од страна на националната комисија како и Државната агенција за вработување и Сојузот на стопански комори и занаетчии. Нашата крајна цел е да се најде квалификувана работа за секој практикант.

Главна цел на програмата е учесникот да стекне знаења, вештини и компетенции за давање на услуги од социјален аспект во домашни услови на лица кои поради возраст, хронични болести и др. причини се во состојба на изнемоштеност и неможност да се грижат за себе. Услугите се од различна природа и форма и ја заменуваат институционалната грижа и другите форми на организирана грижа. Програмата развива знаења и вештини за давање на помош и нега во домашни услови организирана е во четири модули кои го овозможуваат кандидатот да биде во состојба да :

  • • Го одржува домот на старите и немоќни лица
  • • Помага во извршување на дневните активности
  • • Применува медицински принципи во дневните активности
  • • Спроведува правната заштита, психолошка и социјална помош

Начинот на реализација на програмата е преку практична и теоретска обука и води до стекнување на сертификат „ Неговател/ка на стари и немоќни лица во домашни услови “. Времетраењето на програмата е 400 часа од кои 190 часа теоретска обука, 200 часа се практична обука во реални работни услови и 10 часа се наменети за оценувањето. Теоретскиот дел од програмата ќе се изведува во современо опреман училница во договор со учесниците. Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува по завршувањето на теоретскиот дел преку проверка на знаење со цел споредба на знаењето пред и после теоретската обука а по завршувањето на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се дефинираат стекнатите вештини и компетенции. По успешно положен завршен испит учесниците се стекнуваат со сертификат „ Неговател/ка на стари и немоќни лица во домашни услови “.

Главната цел на програмата е учесникот да се стекне со знаења, вештини и компетенции за подготовка, прилагодување и сервисирање на машини за шиење со зрнест, ланчен бод и оверлок машини.
По завршување на оваа програма учесникот ќе биде оспособен да:

  • - Ги подготвува машините за производство
  • - Прилагодува машини пред пуштање во производство
  • - Дијагностицира дефект во најбрз можен рок
  • - Отстранува дефекти на машините
  • - Применува заштитни мерки при работа
  • - Пишува извештаи од интервенците на машините

Покрај теоретскиот дел со вежби особен акцент е ставен на практичната обука на учесниците. Теоретскиот дел на програмата со вежби се реализира во училница и опремена работилница, а практичната обука се изведува во реални услови, во текстилни компании. При разработката на стручната теорија со вежби ќе се води сметка за индивидуалните можности и способности на учесникот и истата ќе се реализира преку активни методи. На крајот на успешно реализираната обука учесникот ќе се стекне со сертификат за работна оспособеност за сервисирање на машини за шиење.
Во програмата ќе се вклучат учесници со завршено средно образование.
Обуката ќе се состои од три дела, теоретски предавања, предавања со вежби во специјално опремена работилница и практична обука во текстилни фабрики, во траење од 300 наставни часа.