Оваа програма обезбедува техники, алатки и стратегии кои му се потребни на еден солиден обучувач. Програмата ги учи идните обучувачи и ги усовршува поестоечките како квалитетно да слушаат, да набљудуваат и да го пролагодуваат својот пристап на индивидуалните потреби на своите ученици. Се оспособуваат да не наметнуваат решенија и стратегии, туку да ги бараат и поттикнуваат кај своите ученици, верувајќи во нивните ресурси и потенцијали. Работа на еден обучувач е да им овозможи поддршка на учениците како би се зајакнале вештините, ресурсите и креативноста која тие веќе ја поседуваат. Таа е моќен начин за континуирно развивање на потенцијалот и извлекување на најдоброто од луѓето.
Учениците кои успешно ќе ја завршат програмата ќе ги развијат и усовршат:
- • методите на пренесување на знаењето и стриктурирањето на обуката
- • психологијата на учењето
- • планирањето на потребните ресурси за обука
- • личната презентација и вештината на влијание
- • водењето на разговор, активното слушање и поставување на прашања
- • искажувањето на повратни информации