Светот на знаењето го отвораме за вас!

Како до ECDL сертификат?

ECDL тестирањето е демонстрација на практични вештини и компетенции и се состои од седум различни модули кои вклучуваат компјутерска теорија и пракса.

Кога кандидатот ќе се регистрира за да започнете со ECDL процесот на сертификација, тој/таа добива indeks-skills card на кој се регистрира напредок преку модули (тестови).

  • • Почетна (Start) ЕЦДЛ диплома (сертификат) се добива со положени сите четири испити од почетната програма.
  • • Основна (Core) ЕЦДЛ диплома (сертификат) се добива со положени шест испити – четирите од почетната програма и било кои два испита од основната програма, значи услов да се добие Основен ЕЦДЛ сертификат е да се има Почетниот сертификат и два испита по избор од основната програма.
  • • После секој положен напреден испит се добива Напредна (Advanced) ЕЦДЛ диплома (сертификат). За добивање на Експрт ЕЦДЛ диплома (сертификат) потребно е да се положат сите четири испити од напредната програма.

Цените за индексите се подеднакви за сите тест центри и изнесуваат:

  • • ECDL Start Индекс 30 еур
  • • ECDL Core Индекс 37 еур
  • • Полагање на еден Start и Core модул 10 еур
  • • ECDL Advanced индекс 40 еур
  • • Полагање на еден Advanced модул 40 еур
  • • ECDL Index – Profile (полагање на сите 13 модули и издавање на еден сертификат) 45 еур

* Законот за Aдминистративни службеници во постапката за административна селекција за вработување, во член 39 став 10 ги наведува сертификатите за дигитална писменост и канцелариско работење како еден од условите што му носат дополнителни поени на кандидатот при аплицирање за работа во државна или јавна администрација. Еден од испитите е ECDL Core. За да го добиете сертификатот треба да ги положите 4_те модули од Start и 2 од Core и тоа: „Презентации“ и „Користење на бази на податоци“ за кои треба да се има индекс од 37 еур и по 10 еур за секој модул, односно 97 еур. Ако имате потреба од обука контактирајте нè на info@poliproekt.com.mk

Испитен центар за ЕЦДЛ


Корисни датотеки


Закон за административни службеници